Прескокни до содржината

КАКО РАБОТИМЕ

Добриот резултат започнува со добар процес.

Веруваме дека креативната слобода и јасната организација треба да одат заедно.

Затоа секој проект го развиваме низ дефинирани фази, со јасна комуникација, навремени одлуки и внимателна контрола на деталите.

Поглед од горе на опремен стан — распоред на дневната соба и трпезаријата
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРОСТОРОТ
Дневна соба во беж тонови — фотореалистична визуелизација
АТМОСФЕРА И МАТЕРИЈАЛИ

(01) ЧЕТИРИ ФАЗИ

Од првиот разговор до предавањето на проектот.

  1. 01

    Разговор и анализа

    ФАЗА 01

    Прво слушаме. Потоа предлагаме.

    Ги запознаваме Вашите потреби, локацијата, буџетот и очекувањата. Го дефинираме обемот на проектот и подготвуваме соодветна понуда.

  2. 02

    Концепт и визуелизација

    ФАЗА 02

    Ја претвораме идејата во простор што можете да го видите.

    Ги развиваме просторната организација, формата, материјалите и дизајнерскиот концепт. Преку визуелизации ги претставуваме предложените решенија за полесна комуникација и донесување одлуки.

  3. 03

    Техничка разработка

    ФАЗА 03

    Креативната идеја добива прецизна форма.

    По усвојувањето на концептот ја развиваме потребната проектна документација, техничките цртежи, моделите и деталите, согласно договорениот обем.

  4. 04

    Предавање и поддршка

    ФАЗА 04

    Од проект до реализација.

    Ја подготвуваме и предаваме финалната документација, а според договорениот пакет обезбедуваме и стручна поддршка во фазата на изведба.

Обемот на документацијата, роковите, корекциите и дополнителните услуги се дефинираат во индивидуалната понуда и договорот.

(02) ПРОЦЕСОТ ЗА ВАШИОТ ПРОЕКТ

За инвеститори Анализа на локацијата, архитектонски концепт, документација во Revit и маркетинг-презентација. Повеќе За приватни клиенти Куќа или ентериер — од концепт и 3D визуелизација до технички цртежи и надзор. Повеќе За архитекти и студија BIM модели и документација во Revit и визуелизации во 3ds Max, според Вашите стандарди. Повеќе

Секоја голема идеја започнува со разговор.

Без разлика дали планирате нов дом, развивате инвестиција или барате поинаков пристап кон Вашиот простор — тука сме да ја претвориме Вашата визија во конкретно решение.

Да разговараме за Вашиот проект info@atmosly.studio +389 71 230 895