Прескокни до содржината

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ATMOSLY

Архитектура што ја чувствувате. Дизајн што има смисла.

Atmosly е архитектонско и креативно студио основано во Скопје во 2023 година, со визија да ги поврзе архитектонската мисла, современиот дизајн и напредната визуелна технологија.

Куќа во Охрид — дневен простор со камин и топли дрвени површини

КУЌА, ОХРИД — 2025

(01) НАШАТА ПРИКАЗНА

2023 ОСНОВАНО ВО СКОПЈЕ

Нашите почетоци се тесно поврзани со фотореалистичната 3D визуелизација — област што ни овозможи да развиеме посебен пристап кон просторот, материјалите, светлината и деталите.

Денес тој пристап го применуваме во архитектонското проектирање и дизајнот на ентериер, создавајќи решенија што се истовремено визуелно препознатливи, функционални и технички разработени.

Веруваме дека успешниот проект произлегува од рамнотежата меѓу креативноста и прецизноста. Од способноста да се согледа големата слика, без да се изгуби вниманието кон најмалиот детал.

(02) НАШАТА ФИЛОЗОФИЈА

Дизајн со причина. Детали со значење.

Не создаваме простори само за да изгледаат добро. Создаваме решенија што одговараат на вистински потреби, го почитуваат контекстот и нудат долгорочна функционална и естетска вредност.

Секој проект за нас претставува нова можност да истражиме, да размислуваме поинаку и да создадеме нешто автентично.

Стан во Охрид — кујна со природни материјали и мека светлина

(03) НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Четири принципи на кои го градиме секој проект.

01 Креативност

Ги истражуваме можностите на секој простор, барајќи решенија со сопствен карактер и јасна идеја.

02 Прецизност

Веруваме дека добриот проект се препознава и во деталите што не се веднаш видливи.

03 Транспарентност

Градиме односи со јасна комуникација, дефинирани очекувања и професионален пристап.

04 Одговорност

Секоја проектна задача ја третираме со внимание кон потребите на клиентот, техничките барања и можностите за реализација.

Архитектура · Ентериер · BIM во Revit · 3D визуелизација во 3ds Max Визуелизација на мебел и производи

(04) СОРАБОТКА СО СТУДИЈА И АРХИТЕКТИ

Ваш партнер за BIM и визуелизација.

Работиме и како надворешен партнер на архитектонски студија и самостојни архитекти. Врз основа на нивните проектни решенија изработуваме BIM модели и проектна документација во Autodesk Revit, како и фотореалистични визуелизации и анимации во 3ds Max.

Се прилагодуваме на Вашите стандарди, начин на работа и рокови — за Вашиот тим да остане фокусиран на дизајнот, а проектот да биде прецизно и навреме разработен.

Побарајте соработка
  • Revit BIM моделирање, проектна документација, цртежи и спецификации според Вашите стандарди.
  • 3ds Max Фотореалистични екстериерни и ентериерни визуелизации и архитектонски анимации.
  • Презентација Материјали за Вашите клиенти, инвеститори и натпревари — подготвени во Вашиот визуелен стил.

(05) ТИМ

Луѓето зад идеите.

М-р Момчило Божиновски, инж. арх.
М-р Момчило Божиновски, инж. арх. ОСНОВАЧ И УПРАВИТЕЛ · ВОДЕЧКИ АРХИТЕКТ
М-р Ема Манојлоска, инж. арх.
М-р Ема Манојлоска, инж. арх. АРХИТЕКТ
Иво Богојевски, дипл. инж.
Иво Богојевски, дипл. инж. 3D И VFX АРТИСТ · КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

(06) КОМПАНИЈА

ПРАВНО ЛИЦЕ
Атмосли ДООЕЛ Скопје
ЛИЦЕНЦА
Овластување Б за проектирање
АДРЕСА
Димитрие Чуповски бр. 7, 1000 Скопје
АКТИВНИ ОД
2023

Секоја голема идеја започнува со разговор.

Без разлика дали планирате нов дом, развивате инвестиција или барате поинаков пристап кон Вашиот простор — тука сме да ја претвориме Вашата визија во конкретно решение.

Да разговараме за Вашиот проект info@atmosly.studio +389 71 230 895